Продолжување на успешните резултати и подобрување на личните резултати се желбите но и очекувањата на македонските ателетски репрезентативци кои неколку дена се подговуваат во Охрид.


Среднопругашот Бојан Милчевски вели дека одлично е чувството да се биде дел националниот тим. По поставувањето на тартан подлогата условите во Охрид се одлични, а Милчевски кој имаше успешна сезона зад себе се надева на продолжување на добрите резултати.

 – Моја цел е да ја стигнам нормата на 800 метри која изнесува 1, 51 мин за младинското светско првенство во јули во Канада, исто така преку натпреварите како на меѓународен И домашен план Ќе се обидам да го соборам и  македонскиот рекорд на 400 метри до 19 години.

Најуспешната година во која постави рекорд на 400 метри е позади прилепчанката Христина Ристеска која во Охрид ја темпира формата за балканскиот Шампионат.

 – Се надевам дека добро ке се подготовам и ке ја преставам Македонија во најдобро светло на балканскиот Шампионат. Ние сме радосни што конечно добивме место и услови каде што може уште добро да се подготвиме за резултаски да ги стигнеме останати селекции.

На подготовките деновие ќе се приклучат Ивана Рожман И Кристијан Ефремов.

М.П.