Значителни резултати освоија младите атлетичарите од АК „Охрид трчаТ” на Државното првенство за пионери кое се одржа во Скопје.
Александар Камнароски освои прво место на трката на 100 метри и второ место во скок во далечина. Јана Димоска прво место на 100 метри и второ место скок во далечина. Ангела Ѓоршеска трето место на дисциплина 600 метри, додека исто така трето место само во дисциплината фрлање копје освои Теодор Манчески.
Во женска конкуренција штафетата 4×100 во состав Калина Анѓелоска, Софија Коруноска, Тамара Чолеска и Јана Димоска го освои првото место, информираат од клубот.
Од клубот велат дека се задоволни од постигнатите резулати, но и од тимски дух и однос кој атлетичарите го покажуваат меѓусебе и кон спортот.
OhridNews