Младинската атлетска репрезентација на Македонија со вкупно 14 атлетичари (шест во машка и осум во женска) ќе настапи на претстојното Европско младинско првенство (ЕП), кое в сабота и в недела ќе се одржи во Едрене, Турција. 

Во машка конкуренција тоа се Ристе Пандев, Бојан Милчевски, Никола Митковски, Ненад Ацковиќ, Никола Зарковски, Спасе Петровски, Бојан Милчевски, Ненад Ацковиќ. Кај атлетичарките ќе настапат Валбона Селими, Дрита Ислами, Сермедие Љатифова, Марија Стојчевска, Александра Митроска, Росана Арсовска, Ана Јанкулоска, Анастасија Еленова.

Со репрезентативците ќе патуваат селекторот Влатко Димитров и тренерите Божурка Ѓошевска, Марина Дамчевска и Алија Рахман. На ЕП се пријавени сите 10 репрезентации, кои се членки на АБАФ (Балканската атлетска асоцијација).

Ohridnews