Младиот Симеон Јовановски ја одбрани титула во Дуатлон победувајќи во категоријата деца родени 2010 и помали на натпреварот кој се одржа изминатиов викенд во Скопје.

Јовановски прв низ целта мина во својата категорија оставивајќи ги ривалите далеку зад себе. Дуатлонот за дечиња родени 2010 и помали се состои од 600 метри трчање, па 3 километри возење со велосипед и на крај 300 метри трчање.

Младиот и талентиран спортист учествуваше и на Триатлонот кој се одржа во Охрид на 15 септември.

OhridNews