Младиот охридски рапер Јолескиот работи на првиот албум. Материјалот е во подготовка, а второпласираниот од „Канео фест“ деновиве ја промовираше својата петта песна „Умирам полека“.


Првенчето на Јолескиот планирано е да излезе наскоро, а албумот ќе биде насловен како и неговата прва песна „И без тебе се живее“.