Младиот охридски музичар Христијан Латкоски, познат како Даррус сними песна дует заедно со талентираната Јуле Новак насловена „Накит“.

Музиката, аранжманот и текстот на песната се дело на Даррус, додека видеото го снимале со поддршка од Вик Какаротски и Стојкоски Стефан. Спотот е сниман на неколки локации во Охрид.

Посветен сум на промовирање на македонската музика и споделување на убавините на Охрид со светот, вели Даррус.

Во продолжение погледнете го видеото.

OhridNews