Младиот модел од Охрид Ѓоко Сучкоски, неодамна, изработи специјална фотосесија за фановите на Инстаграм, кои, како што вели, ги има околу 10 000. Четиринаесетгодишниот Ѓоко, Инстаграм го гледа како поатрактивен медиум за мода, бидеќи таму го следат многу стилисти, фотографи, блогери од цел свет.

Фотосесијата е изработена во Охрид и може да се види сериозен напредок и квалитет во неговите фотографии. Исто така Ѓоко склучи соработка со три нови фирми од Македонија, кои се занимаваат со облека и мода.


Младиот модел Ѓоко Сучкоски со специјална фотосесија за фановите на Инстаграм

OhridNews