Младинците од Ракометниот клуб Охрид во спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 19 и 30 часот во рамките од деветтата рунда од првенството ќе го пречекаат битолски Пелистер.
Избраниците на Наум Бабачев со седум освоени бодови се на претпоследната позиција на табелата, а со триумф над денешниот ривал ќе искачат едно место погоре.
Првиот меч во Битола младинците од Охрид го загубија тесно со 30-29 што сигурно ќе преставува мотив повеќе за квалитетна ракометна престава.
OhridNews