Младинците од Ракометниот клуб Охрид со победа над Преспа 30-27 (14-12) на домашен терен ја завршија есенската полусезона.


Избраниците на Наум Бабачев до втората победа сезонава стигнаа после голем борба и возбудлива завршница.

Голманот на екипата, Душко Тасески имаше бријалентен меч и запиша 15 одбрани зад своето име од кои неколку зицери во клучните мигови кога се кршеше резултат.

Во листата на стрелци се истакнаа Мартин Иваноски (9), Николче Ристески (8), Марио Матески (5), Љупчо Гуличоски (2), Виктор Симоновски (2) и Даниел Андоновски (2).

Охридските младинци со шест бодови се на претпоследната позиција на табелата, но со многу полесен распроед во пролетната полусезона.

OhridNews