Во отсуство на сениорите, младинците на Ракометниот клуб Охрид се погрижија за нови ракометни возбудувања во градот победувајќи го Прилеп со 41-34 во младинската лига.
Избраниците на Наум Бабачев до втората победа сезонава стигнаа со ефикасна игра во текот на целиот натпревар.
Најпрецизен со 12 голови беше Александар Димески, Марио Матеска постигна 9 додека крилото Наум Костов реализираше еден помалку.
До крајот на шампионатот младинците на РК Охрид имаат уште два меча за одигрување со Металург 2 во Скопје и со Преспа во Билјанини Извори.
OhridNews