Ракометарите од младинскиот погон на охридскиот клуб го освоија првото место на турнирот „Зоран Стојановски“ во Ресен.
Избраниците на тренерот Наум Бабачев во финалниот натпревар на турнирот го совладаа тимот на Работник со 26-21, а за пласман таму беа подобри од Преспа.
Од оваа сезона во ракометниот клуб Охрид младинците и кадетите функционираат како една екипа што вроди со плод на првиот официјален тест.
Дел од младинците веќе тренираат со првата екипа која пак трета сезона се натпреварува во Супер лигата.
Мх.П.