Охридските ракометни надежи извлекоа реми 29-29 (14-13) на дерби средбата со Пелистер во 12-та рунда од Младинската лига.

Избраниците на Наум Бабачев до реми пред своите гледачи стигнаа со голот од пенал на Наум Костов после истекот на регуларните 60-ет минути од натпреварот, иако во еден од момент од мечот имаа негатива од четири голови (21-25).

Второто реми сезонава прекина одлична серија на охридските ракометари која започна на стартот од втората етапа во Младинска лига. 

Костов со 12 голови беше најефикасен во охридскиот состав, додека кај битолчани најмногу се истакна Горан Јованоски кој постигна осум погодоци. 

OhridNews