Без Мартин Иваноски и Наум Костов во составот ракометарите на Охрид забележаа победа во Младинската лига совладувајќи го Еурофарм Работник со 29-23 (17-11) во Битола.

Избраниците на Наум Бабачев до петтата победа во десеттиот меч сезонава стигнаа до сигурна игра во текот на целиот натпревар.

Составот на Охрид од триумф го предводеше тандемот Николче Ристески и Даниел Андоновски кој заедно искомбинира 24 погодоци. Стефан Спироски прецизен беше три пати, а Адријан Селман реализираше 2 погодоци.

Во следната 11-та рунда „гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат тимот на Пелистер.

OhridNews