Младинската екипа на ракометниот клуб Охрид пред своите гледачи со 28-27 (13-14) го совлада составот на Вардар во осмата рунда од првенството.
За пулените на Наум Бабачев ова е прва победа во осмиот натпревар во младинската лига, но вредна бидејќи е изборена против екипата од најдобриот клуб во Македонија.
– Им честитана моите момци за ангажирањето и концетрацијата во сите 60 минут од натпреварот. Можам со сигурност да кажам дека не е никакво изненадување победата туку напротив е награда за една макотрпна работа на високо ниво кај момците во клубот. Од младинската школа излегуваат ракометари кои годинава се натпреваруваат две скалила погоре од својата генерација. Со овие деца треба работа и трпение пред се бидејќи играч не се прави за година или две туку треба да помине цел процес на развивање. На крајот сакам да кажам дека сум горд на победата и им посакувам многу среќа понатаму. – рече тренерот на младинците, Наум Бабачев.
Во листата на стрелци се издвоија Дамески со 12 голови, Костов со 6 и Матески 4 голови. Кај гостите најпрецизен беше Мишевски со седум голови.
OhridNews