Попладнево на СРЦ „Атина Бојаџи“ ќе се одигра младинското куп финале. Мечот стартува од 16.30 минути, а ќе се сретнат екипите на Пелистер и Ренова.
Претходно пред стартот на мечот кадетите на Охрид ќе го добијат пехарот за освоеното прво место во својата конкуренција.