„ Сјајните водни синила “ е збирката поезија и проза од основците во општинава што синоќа и вечерва се промовира во куќата на „ Христо Узунов“.
Организатор е Младинскиот совет на Охрид. Во рамките на програмата за креативност, во Советот функционира литерартурно катче кое во текот на изминатиот период интензивно работеше со младите ученици од основните училишта. Од 120-тина творби, во книгата „ Сјајните водни синила “ се содржани 45.
Синоќа се одржаа две промоции, а за денеска, во 19 часот и во 20 часот и 30 минути се закажани уште две.
„ Ова е одлична можност, младите литературни творци да се претстават пред охридската и пошироката јавност, а посетителите да добијат примерок од книгата со донирање на 100 денари, кои ќе бидат наменети за функционирањето на литературното катче“, вели претседателот на Младинскиот совет на Охрид, Димче Каневче.
„ Сјајните водни синила “ е печатена во печатницата „ Летра дизајн“ , на македонски, албански и турски јазик.