Активисти на Младински Совет Охрид денеска во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св.Еразмо ” Охрид,  ќе имаат волонтерска акција за боење на детските нишалки во паркот во болницата.

Како што информираат од Младинскиот Совет, акцијата за дотерување на детското игралиште во Коснозглобна е во рамките на активностите на Волонтерско- средношколскиот сектор на организацијата.

Целта на акцијата е младите со волонтерски ангажман да придонесат во развој на зедницата.