Маладинскиот Совет ќе го збратимува Охрид со францускиот град Кан. Членови на оваа невладина организација неодамна реализираа шестдневното студиско патување во Кан, Северна Нормандија(Франција), каде паднала идејата за збратимување. Неа Младинскиот Совет деновиве ќе ја презентира пред градоначалникот Александар Петрески.
Членовите на Младинскиот совет ја разгледувале можноста за збратимување и со претставници на градоначалникот на Кан, Филип Дуран кои што рекле дека се заинтересирани за соработка во областа на туризмот, младинската политика, образованието и размената на студенти.
Младинскиот совет сака да ги збратими Охрид и Кан
Покрај со локалната власт од Кан, Иф и Лувени, делегацијата од Младинскиот совет остварила средби и со повеќе младински здруженија, како и подрачни министерства за млади и спорт. Патувањето беше организирано во рамките на проектот за соработка помеѓу Република Македонија и Република Франција.
ohridnews