Офанзивниот играч од средниот ред Оливер Пеев го напушти куп освојувачот Тетекс и се пресели во турскиот второлигаш Болупсор. Пеев кој потекнува од младинската школа на Вардар и беше младински репрезентативец, во Турција ќе престојува во наредните три години.
Тој подолго време бил мета на вторлигашот , скаути на клубот ги следеле неговите настапи во послениот месец , по што било дадено зелено светло за негов трансфер, што е прво негово интернационално искуство. Новиот клуб на Пеев по првиот дел од шампионатот е на четвртата позиција на табелата со два бода заостанување зад лидерот Денизлиспор.
Покрај Пеев во турската втора лига уште настапуваат Јован Костовски и Муарем Муарем и тоа во тимот на Ордуспор кој е на третопласиран на табелата. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими кој до неодамна настапуваше за Ешекирспор во Првата лига е ослободен од обврските и е слободен да си бара трансфер во друга средина.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com