Екипата на Ренова ја забележа првата победа на подготовките во Охрид откако со 3-1 го совлада тимот на Зајаз.

Тренерот на „гипсарите“ Ќатип Османи на теренот истрча со комбиниран состав, а тоа не им попречи на „надежите“ да донесат триумф.

Ренова поведе во 55-та минута со голот на Скендери, пет минути подоцна Османи изедначи на 1-1, но тоа беше се што направија фудбалерите на Зајаз.

Офанзивниот фудбалер на тетовачани Максути со два погодоци за краток период донесе триумф за „гипсарите“ прв во Охрид по ремито со Гостивар 1-1.

В недела „гипсарите“ ќе се сретнат со Пелистер предводен од охридскиот стратег Драган Бочески и ги завршуваат подготовките во Охрид.

Мх.П.