– Со реализација на проектот направен е обид да се создаде објективна слика за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија во областите партиципација, образование, легислативна/правна рамка и слобода на изразување на децата, а врз основа на анализите од државниот извештај наспроти препораките донесени од страна на Комитетот на Обединетите Нации за Правата на Детето. Крајниот резултат на проекот е подгововка на Алтернативен Извештај со формулирани препораки кои ќе бидат презентирани пред Комитетот за Правата на Децата на ОН во Женева во 2010 година, информираат од Младинскиот совет.
Младински Совет Охрид како регионална канцеларија на коалицијата на младински организации „СЕГА„ проектот го реализираше за Охрид, Струга и Ресен.
Во моментов, Младински Совет Охрид продолжува да работи на проблематиката поврзана со конвенцијата на правата на детето и започна со реализација на промоција на конвенцијата на правата на детето. Проектот ќе се имплементира до крај на месец Декември 2009 година и како пилот фаза се реализира во основното училиште „Христо Узунов“.
Проектот е финансиран од “Pestalozzi Children’s Foundation“ и Коалицијата “СЕГА“.
Младински совет Охрид работи на имплементација на Конвенцијата за правата на детето
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com