Во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт, Младински Совет Охрид, го организира првиот турнир во одбојка на плажа. На турнирот учество пријавија 8 екипи кои во текот на вчерашниот ден ги одиграа квалификационите натпревари.
Екипите на НЕА МЕБЕЛ и КАДМО ги очекуваат натпреварите за 5 и 6 место, а за првото место во текот на утрешниот ден ќе се натпреваруваат екипите ПАНТЕРИ, ЛОТЕ КОМПАНИ, СУПЕР ЗОРЧЕ И ПИЦЕРИЈА КОЗА НОСТРА.
За сите учесници, Младински Совет Охрид обезбеди дипломи и благодарници, а за најдобрите плакети и симболични награди.
Младински Совет Охрид, од годинава е официјален партнер во организирање на Beach Volleyball 2009, што веќе четврта година се организира на Buffalo Beach. Младински Совет Охрид освен со екипи кои се напреваруваат и логистички го помага турнирот со 14 волонтери. Во организација на натпреварите се вклучи и Одбојкарската школа од Охрид.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com