Mладински работници од Србија, Бугарија, Италија и Македонија беа во посета на Младински Центар Охрид, претставници на НВО, претставници на младински центри како и млади кои работат во полето на младинското учество.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка, инклузија на младите и можност за соработка. Првиот дел од посетата се состоеше од опсежна дискусија на повеќе теми, младинската работа во Македонија, Законот за младинско учество и младински политики и евентуални предизвици. Во вториот дел искуствено беа пренесени начините и методите за работа со група, информираат од Младински Центар Охрид.

Посетата беше дел од обуката „Youth Workers Mobility“ кој ја спроведува Urban Stream во соработка со АСК-Асоцијација на советници за развој на кариера.

OhridNews