Викендов во планинарскиот дом „Троуглеш“ се одржа дводневен младински планинарски едукативен камп на Здружението на планинари „Великамен“, предводени од водичите Христијан Ламбевски и Бобан Блажески, под менторство на Ирена Диков при ФПСМ (Федерација на планинарски спортови на Македонија), со многу возбудлива програма.
Голема чест, велат од Здружението, беше учеството на Пирустија Неданоски со работилница за подготовка на македонска традиционална храна.
На двете планинарски акции до домот Троуглеш на 17 јуни и од домот до с. Елшани преку Студино на 18 јуни учесниците беа придружувани од Црвен Крст Охрид.
Младите научија за движење и однесување на планина, за планинарска опрема, однесување во планинарски дом, за НП Галичица, за растителниот и животинскиот свет во паркот, движење во група и почитување на поединецот, истакнуваат од Здружението на планинари „Великамен“.
OhridNews