Националниот младински совет на Македонија во склоп на имплементацијата на проектот „Инспирирај младинско учество”, денеска во Струга ќе организира Младински отворен ден, каде што младите луѓе и младинските организации ќе имаат шанса да се запознаат и вмрежат меѓусебно.
Настанот кој ќе се одржува во ЗРА „АКВА“ е дел од кампањата за промоција на Националниот младински совет на Македонија, која има за цел да ги информира граѓанскиот сектор, институциите и пошироката јавност и пред се младите пред за идејата и работата на самиот совет, како и придобивките од приклучување кон истиот.
Во рамки на настанот ќе биде презентирана работата на Националниот младински совет на Македонија и придобивките од членство во него и ќе се изврши запознавање на младите со младинските организации низ цела Македонија и можностите кои тие ги нудат.
OhridNews