Младински Центар Охрид започнува онлајн кампања на својата веб страна за промоција на културно-историските знаменитости во градот. Како што информираат денес се презентирани податоци за Куќата на Робевци.
Кампањата е под наслов: „Истражете го Охрид: дигитална одисеја низ културните знаменитости и музеи“. Преку истата ќе бидат споделувани корисни информации и интересни факти за културните споменици во Охрид, локалитети, музеи итн., потенцираат.
Додаваат дека сите информации се преземени од архивата и веб страната на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
OhridNews