Младинската конференција за бизнис и претприемништво насловена „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ посветена на младинската вработливост, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво ќе се одржи во петок, 22 ноември, во организација на Младински Центар Охрид.

Целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и иновации преку споделување на успешни бизнис приказни и обезбедување на платформа за вмрежување и размена на идеи. Конференцијата има за цел да ги инспирира младите да започнат свои бизниси и да ги опреми со потребните знаења и вештини за успешно претприемништво, истакнуваат од Младински Центар Охрид.

Додаваат дека настанот претставува одлична можност за вмрежување на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.

Конференцијата ќе започне во 11:30 часот во просториите на Младински Центар Охрид.

OhridNews