Ракометарите на Охрид го освоија целиот плен во Скопје победувајќи го Пролет со 36-32 (21-18) во шестата рунда од лигата во младинската конкуренција.

До шестиот триумф во исто толку одиграни натпревари, охриѓани стигнаа благодарание на добрата и пред се ефикасна игра во напад. Офанзивниот дел од екипата ги сокри сите аномалии на одбраната која прими голем број на погодоци во мрежата.

„Гладијаторите“ од почетокот кога поведоа со 1-0 до крајот кога на семафорот стоеше 36-32 го контролираа натпреварот и во ниту еден момент не им дозволија на домаќините да се разиграат и да се понадеваат на позитивен резултат.

Мартин Ивановски со 10 голови беше најефикасен ракометар во охридскиот состав, еден помалку реализираше Кристијан Димитриески, а шест постигна Михаил Иваноски. Во тимот на Пролет најмногу голови постигна Виктор Додевски со 12 погодоци.

Во седмата рунда Охрид на домашен терен ќе го пречека Металург 2 во дербито од полусезоната во Младинската лига.

OhridNews