Младински Центар Охрид во соработка со Младински образовен форум (МОФ) Скопје, организира младинска акција „Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ за подигање на свеста кај заедницата, особено кај младите за заштита на Охридското Езеро и животната средина.
Акцијата е иницирана од младите членови на клубот Младински активизам од Охрид, кои самоиницијативно мапираа проблем во заедницата кој ги загрижува. Првиот дел од иницијативата се состои од изложба на уметничка инсталација од отпад на која младите работеа изминатиот период, а која ќе има за цел да ја шири пораката против загадување на Охридското Езеро и ќе понуди алтернативни начини за заштита на животната средина, велат од Младински Центар.
Во меѓувреме, додаваат, ќе се одвива и вториот дел од активноста, што се состои вклучување на сите Охриѓани кои ќе бидат охрабрени да споделат свои совети за како да го задржиме Охридското Езеро чисто и незагадено.
Артивизам клубовите се дел од програмите на МОФ, а Младинскиот Центар Охрид како локалнен партнер ги реализираа предавањата за младите во Охрид. Младите се вклучени во активности преку кои креираат, застапуваат и учат. За време на годишниот курикулум работат на различни теми, меѓу кои и акции за подигање на свеста, креативно пишување, креирање младински весници и фанзини, репортажна фотографија и видео прилози потенцираат.
Исто така, членовите експериментираат со уметноста како средство за слободно изразување, но и ги искористуваат своите цртачки вештини за активизам, креативна слобода и подигнување на свесноста за одредени прашања. Предавањата во Артивизам клубовите ги држат млади луѓе со искуство во ова поле на дејствување.Во моментов постојат 10 клубови во Република Северна Македонија и тоа во Охрид, Скопје – Кисела Вода, Скопје – Чаир, Велес, Маврово и Ростуше, Теарце, Струга, Струмица, Гостивар и Делчево и сите активно работат на создавање креативни и атрактивни содржини на општествено-релевантни теми кои се од интерес на младите.
Акцијата ќе се одржи утре од 12:00 до 14:00 часот на Кеј Македонија (поранешно „Жигол).
OhridNews