Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години во среда ќе пристигне во Охрид каде ќе ги финишира подготовките за стартот на ЕП Б дивизија што од 6 до 15 јули ќе се игра во Охрид.

– На последниот тренинг ќе биде комплетиран составот, односно ќе се знае конечнииот список. Делот на недоволна физичка подготовка може да не доведе во комплицирана ситуација. Може да направиме грешка од аспект селектирање на тимот. Во Охрид ќе ми биде потребен состав кој прво ќе биде физички подготвен за да може во тие десет дена, поточно седум натпревари да го даде максимумот – смета селекторот на младинките Александар Петровиќ.

ohridnews