Втора година по ред скопски Младинец е противникот на охридската Билјана 006 во полуфиналето од женскиот куп. Охриѓанки вечерва во Делчево ќе се обидат преку Младинец да стигнат до второто финале во серија во националниот куп.


Позитивна страна на овој куп е што се
одржува на неутрален терен и мислам  дека која екипа подобро ќе се
снајде таа и ќе победи. Паузата која ја имавме за Велигденските празници, ни овозможи да се консолидираме и да ја подготвиме победничка тактиката во одбрана и напад . Добро ја познаваме екипата на Младинец,  во досегашниот дел од првенството нашиот скор е изедначен 1-1
– вели капитенот на Билјана 006 , Весна Балазоска.

Охриѓанки во полуфиналето ќе влезат ослабени поради неиграњето на повредената Булоска и отсутната Тиловски, додека во тимот на скопјанки ќе има неколку повратнички. Они што ќе истрчаат на паркетот ќе го дадат максимумот истакна капитенот.

Екипата на Младинец има подолга клупа, а во својот состав ги има и повратничките, Славица Димоска, која настапуваше во Грција и сестрите Хоџа кои се школуваа во Америка ,каде играа во американски колеџ. Од друга страна нашата екипа е со ослабена состав, и најголем терет во играта ке падне на првата петорка. Искрено се надевам дека моите соиграчки ќе имаат голем мотив и желба да стигнат до финалето – завршува Балазоска

Натпреварот Билјана  – Младинец се игра во 20 часот, додека претходно во првото полуфинале ќе играат екипите на Вигор Скопје и Нарконон Балкан од Кавадарци.

М.П.