Младинците на ГКК Охрид со победа го завршија настапот на силниот Меѓународен турнир во Белград. Охридските кошаркарски надежи извојуваа победа над врсниците од словенечкиот клуб Триглав постигнувајќи резултат 69:67.
Во одиграните натпревари младинците извојуваа убедлива победа и над екипата на Цедевита Загреб постигнувајќи резултат од 63:53. Загубија од романскиот претставник УБТ Клуж (48:43), како и од екипите на Буба Баскет (77:57) и Превиџа (102:53).
Ова е втор пат малдинците да учествуваат на овој турнир каде стекнуваат драгоцено искуство играјќи со врсниците од цела Европа.
Во финалето на турнирот играат екипите на Партизан и Превиџа.
OhridNews