Охридскиот ракометен клуб забележа нов триумф во подготвителниот период, откако во СРЦ „Билјани Извори“ славеше со 33-20 (18-9) против составот на Аеродром.

Охрид кој на мечот со скопскиот прволигаш настапи со ракометари од младинскиот состав доминираше од почетокот до крајот на натпреварот. „Гладијаторите“ на стартот од мечот се одлепија (6-1) и констатно ја зголемуваа предноста за конечни 33-20.

Најпрецизен во составот на Охрид со девет голови беше Наум Костов, до 8 броеше Мартин Ивановски, а на 7 застана Михаил Иваноски. По три пати прецизни беа Никола Нацев, Николче Ристески, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Филип Николов, Борче Соколов и Кристијан Димитриески.

Охридските ракометари нов контролен натпревар ќе одиграат утре (среда) против вториот тим на Еурофарм Пелистер.

OhridNews