Младинците на ГРК Охрид под палка на Наум Бабачев славеа убедлива победа на домашен терен во второто коло на младинската лига над екипата на РК Филип Прилеп со резултат (27:10) 46:17.
Најдобри поединци за домаќинот беа Владимир Наумоски и Лука Лангоски со по 8 постигнати гола и Јулијан Матески, Никола Ристески и Дамјан Недески постигнаа по 5 погодоци!, информираат од клубот.
Натпреварот се одигра денес во салата „Билјанини извори“.
Инкау, 63 деца тренираат и играат со срце за ГРК Охрид, кој оваа сезона се натпреварува во сите младински категории.
OhridNews