Ратко Младиќ испорачан му е денеска на Хашкиот трибунал, со што Србија ја исполни својата обврска, објави попладнево српската министерка за правда, Снежана Маловиќ, пренесува „Макфакс“.

Таа информираше дека во 15.00 часот го потпишала налогот за екстрадиција на Младиќ, јави агенцијата Бета.

„Изведувањето на Младиќ пред лицето на правдата е сатисфакција за жртвите и нивните семејства и претставува истовремено и чин на помирување во регионот“, изјави Маловиќ.

Министерка за правда порача дека со испорачувањето на Младиќ тој предмет не е завршен, изразувајќи очекување дека ќе се утврди кој се му помагал на Младиќ да се крие

Според извори на Б92 авионот, со кој Ратко Младиќ се превезува во Хаг, од белградскиот аеродром полетал во 17.20 минути.

OhridNews
извор: Макфакс“