„Господине Ори сакам да го добијам гнасното обвинение, добро да го прочитам и да размислам со своите адвокати бидејќи мене ми треба повеќе од еден месец да ги прочитам тие монструозен зборови кои никогаш не сум ги ни слушнал, ниту можам да сфатам дека е така““

Ова, како што пренесува „Макфакс“, се зборовите на Поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ по читањето на дел од обвинението во Хашкиот трибунал. Судијата Алфонс Ори го закажа новото изјаснување по вината на 4 јули.

Додека судијата му го читал обвинението за геноцидот во Сребреница и истребувањето на несрпското население ширум БиХ, Младиќ три пати одречно климнал со главата.

Тој мирно ги слушаше наводите од обвинението иако претходно не сакаше да чуе ни збор од обвинението. На прашањето дали ја видел копијата од обвинението, Младиќ рекол дека видел три фасцикли кои му биле донесени, но не читал што пишува во нив, а ова го потврдил и неговиот привремен адвокат.

На прашањето на судијата дали сака да му биде прочитано цело обвинение или само дел, Младиќ рекол дека не сака да му се чита ниту една реченица од обвинението.

Судијата Алфонс Ори рекол дека ќе даде резиме од обвинението кое го товари обвинетиот Младиќ во 11 точки.

Поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ изутрината беше изведен пред судијата на Хашкиот трибунал, за да се изјасни по вината по точките од обвинението кое го товари за геноцид и злосторства против човештвото над несрпското население,

Младиќ се појави во судница нешто по 10 часот во сиво одело и кравата со качкет на глава, послаб отколку на последните снимки од пред повеќе од 10 години. Пред да седне, ги поздрави присутните.

На повикот на судијата Алфонс Ори од Холандија, Младиќ го потврди својот идентитет велејќи „Јас сум генерал Ратко Младиќ“.

На прашањето дали е во состојба да ја следи постапката на јазик кој го разбира, Младиќ говорејќи отежнато одговорил „Го разбирам мајчиниот јазик српски, разбирам македонски, останатите не ги разбирам“.

Откако одговори на прашањето за датумот и местото на раѓање, на Младиќ му биле прочитани неговите права, а потоа на прашањето дали ги разбрал, тој одговорил:

„Господине судија јас сум тешко болен човек, мене ми треба малку подолго време да размислам. Бидете трпеливи со мене“.

Агенцијата Бета јавува дека Младиќ не боледува од тумор на лимфните жлезди, како што тврдел неговиот белградски адвокат Милош Шаљиќ.

Извор близок на Трибуналот прецизирал дека Младиќ веднаш откако пристигнал во судски  притвор во Шевенинген, бил подложен на лекарски предмети во затворската болница.

„Овој преглед покажа дека Младиќ не боледува од тумор на лимфните жлезди“ нагласил изворот на Бета.

Адвокатот на Младиќ тврдеше дека по медицинската документација која ја поседува Младиќ боледувал од тежок вид на рак на лимфни жлезди.

Според него во 2009 година, Младиќ бил опериран , а потоа подложен на операција во една болница во Белград.

OhridNews
извор: „Макфакс“