Меѓународениот контакт семинар од програмата „Млади во акција“ започна со работа во Охрид.
Овој настан ќе биде извонредна можност да се создадат голем број партнерства за идни проекти од програмата „Млади во акција“, истакна директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Бошко Нелкоски на отворањето на семинарот. Учесниците ќе имаат можност да разменат добри практики и искуства на полето на подготовка и имплементација на проектите и искористување на ЕУ фондовите кои се на располагање од оваа област, додаде Нилкоски. Тој информираше дека оваа година веќе се доделени првите грантови за образование, култура и тренинг, а следната година Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе обезбеди околу 400.000 евра со кои ќе можат да бидат финансирани проекти од програмата „Млади во акција“.
На Меѓународниот контакт семинар од програмата „Млади во акција“ што го организира Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е присуствуваар 50 учесници од повеќе држави членки на ЕУ, како и од Хрватска и Турција.
Ohridnews