Познатиот хит на Фарел Вилијамс “Happy” ја осви планетата, а жителите на речиси сите земји во светот направиле своја верзија, вклучувајќи ги и младите од Иран, кои го извлекле подебелиот крај од целата приказна. Имено, неколку млади луѓе од Иран снимиле своја верзија на спотот од оваа песна, а откако го објавиле на интернет, полицијата чукнала на нивната врата.
Тие биле уапсени, и присилени јавно да се покаат на државната телевизија, додека видеото морало да биде отстрането. Владата на Иран ги нарекла опасни и неморални, а откако веста за нивното апсење се проширила низ светот, поддршка стигнувала од сите страни. Меѓу нив бил и самиот автор на овој хит Фарел Вилијамс, кој на својот Твитер напишал дека ова апсење е повеќе од тажно.