Повеќето младенци обично имаат трема пред најважниот ден во животот. Се грижат за секоја ситница и да не паднат по патот до олтарот.

Овој среќен пар, храбро се дотркалал на ролери. Поканетите на свадбата им се приклучиле на младенците и го следеле среќниот пар исто така на ролери по улиците на Хеилонгијанг во Кина.


Но сето тоа не било само забава. Ролерската венчевка била и промоција на здрав живот и борба против загадување на околината.