Кинески пар одлучил да ја почитува традицијата која вели дека нозете на невестата не смеат да ја допрат земјата на патот од куќата до местото на венчавката. Вообичаено зетот ја носи невестата на раце.
Бидејќи тој се занимава со продажба на булдожери, неговите колеги се сетиле наместо невестата да ја носат на раце, би можеле да застанат на два булдожери и така да дојдат на венчавката.
„Беше одлично кога пристигнаа на булдожери. Тоа не беше обична венчавка и многу беше интересно“ – изјавил еден од гостите.