Британски младенци од венчавката највеќе ќе ги паметат тостерите. И тоа четириесетте. Пол и Лин Дејвис не сакале подароци, па пријателите и роднините одлучиле да се пошегуваат со нив. Сите од нив четириесет, еден по еден, доаѓале до парот, им посакувале среќа и им предавале тостер.
– Некое време ќе им подарувам на другите предвидливи подароци – изјавила невестата.