Ракометарите Јовица Младеновски и Бојан Спасовски имаа идентичен став и најава за дуелот на Охрид со скопски Металург на средбата со медиумите. Натпреварот во рамките од седмата рунда во плејофот од Супер лигата ќе се одигра в сабота со почеток во 19 часот.
– Не очекува тврд и квалитетен натпревар. На двете екипи заштитен знак ние играта во одбрана и мислам дека тоа ќе го одлучи победникот. На гостувањето во Скопје го одигравме можеби најдобриот меч во плејофот и загубивме три разлика. – рече Спасовски.
– Го делам мислењето со Бојан и мислам дека играта во одбрана ќе го реши победникот. Сезонава, ракометарите на Металург акумулираа доста искуство играјќи во Лигата на Шампиони и регионалната СЕХА лига, што сигурно ќе им биде во полза во мечевите од плејофот. Тие се фаворити во пресрет на нашата средба, но ние нема да се предаме и ќе играме до крај. – истакна Младеновски.
Ракометниот клуб Охрид со едно реми и пет порази се наоѓа на последната шеста позиција на табелата во плејофот, додека Металург чекори по план и моментално е на втората позиција.
OhridNews