Со професорот, веднаш по освојувањето награда
Директорката на музичкото училиште Нина Момироска и професорот Гаврилоски изјавија дека ова е еден од најголемите успеси, па иако немале многу време за спремање (Кристина за натпреварот дознала пред неполни 2 месеца) сепак го пријавиле девојчето во конкуренција.
„Многу сум задоволна затоа што победив, се надевам дека и во иднина ќе учествувам на натпревари и концерти каде достојно ќе се претставувам себеси, училиштето и земјата“ – кратко ни изјави Кристина, која учи во ОУ „Григор Прличев“, трето одделение.
Во Белград, на победничкиот 4 ипол минутен настап извела дела од Паганини (варијации) и „Дедо Мраз“ од Роберт Шуман.
Секоја чест!