Најтрофејниот тенисер со 20 титули од грен слем турнирите Рожер Федерер неодамна ги предизвика колегите и фановите да жонглираат со топче на ѕид без да изгубат контрола. Голем број на тенисери и фанови, успешно одговорија на предизвикот, но никој немаше идеја и учинок како 13-годишната тинејџерка од Швајцарија, Јелена Мајер. Таа покрај со рацете жонглираше со нозете и ги воодушеви тениските симпатизери. Федерер се уште не се огласил за успехот на својата сонародничка.
OhridNews