Струшкиот второлигаш назначувајќи го Александар Танчески за нов тренер експресно ја реши дилемата околу тренерското столче кое остана празно после спогодбениот договор за раскинување на соработката со Неџат Хусеин-Џате.
Танчески кој потекнува од Струга беше дел од тимот изминатава полусезона во Втората лига работејќи како асистент на Џате. Во дел од есенската полусезона кога стружани се натпреваруваа во Третата лига тој од аут линијата ја водеше екипата, но сега ова ќе биде далеку поголем предизвик за него.
Младиот стручњак шест месеци занаетот го печеше во Малта под палката на Артим Шаќири кој како прв тренер работи во тимот на Пемброке Атлета. Тој претходно работеше како помошник во Младост Царев Двор и како прв тренер во неговиот матичен клуб Караорман.
Екипата на Струга Трим Лум есенската полусезона во Втората лига-запад ја заврши на третата позиција со бод заостанување од Влазрими и Гостивар кои го делат првото место.
Струга Трим Лум со нов тренер во пролетната полусезона
Мх.П.