Младиот фудбалер на Локомотив Москва, Алексеј Ломакин пронајде е мртов во Москва. Информацијата ја потврди клубот преку социјалната мрежа на „Твитер“.

18-годишниот фудбалер исчезнал пред три дена, а полицијата го пронајде, откако го лоцираше неговиот мобилен телефон. Таксистот кој ги превезувал Алексеј и неговиот другар Иван го предал ранецот кој го носел сега веќе починатиот фудбалер.

Истрагата и обдукцијата ќе покажат од што точно починал Ломакин кој бил добар и многу надежен фудбалер.

OhridNews