Не е пракса федерациите да избираат по двајца спортисти за најдобри, но Македонската кошаркарска федерација го направи токму тоа прогласувајќи ги Војдан Стојановски и Бојан Трајкоски за најдобри кошаркари за годината што изминува. Во женска конкуренција наградата замина во рацете на Анџелика Митрашиновиќ.

Стојановски и Трајковски заеднички имаа голем удел во успесите на националниот состав и веројатно токму затоа ја поделија наградата за најдобар кошаркар. МКФ признанијата на најдобрите ќе им ги додели на 24 декември во понеделник.

Најдобрите во мак-баскетот за 2018 година:

Најдобар македонски кошаркар за 2018 година: Војдан Стојановски и Бојан Трајковски

Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година: Анџелика Митрашиновиќ

Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги): Работнички

Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги): Бадел 1862

Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги): Работнички

Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги): Струга 2009

Најдобра млада репрезентативна екипа: М16 мажи

Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги): Анета Глигорова

Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги): Александар Јованчев

Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги): Срѓан Дамњановски

Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги): Марин Докузовски

Најдобар млад кошаркар за 2018 година: Виктор Ефремовски

Најдобра млада кошаркарка за 2018 година: Илина Селцова

Најдобар судија за 2018 година: Игор Митровски

OhridNews