Mакедонската кошаркарска федерација (МКФ) се приклони кон ФИБА. МКФ и претседателот Петар Наумовски за својата одлука писмено ја известиле ФИБА.
Исто писмо како МКФ со поддршка до ФИБА испратиле Кошаркарските федерации на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Ваквата поддршка за ФИБА, која неколку месеци отворено „војува“ во УЛЕБ, значи крај за регионалната АБА лига.
Шпекулациите велат дека во најскоро време ФИБА ќе добие поддршка и од Сојузите на Србија и Словенија.
„Макфакс“
OhridNews