Дури 33 кошаркарски школи што во моментов се натпреваруваат во младинските категории, а немаат сениорски тимови, ќе се најдат пред згаснување ако, утре, членките на собранието на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го усвојат новиот правилник за лиценцен систем и за категоризација на кошаркарските клубови, школи и други субјекти што се занимаваат со кошарка, пишува “Нова Македонија“ во денешното издание.
Во иднина школите што немаат сениорски погон ќе треба да конкурираат за добивање лиценца Ц, која чини 5.000 евра за една година. Тоа е првиот и одамна најавуван чекор на челниците на МКФ во борбата против таканаречените кошаркарски профитери чиј главен интерес е само земањето пари од децата на возраст од 8 до 18 години, без притоа на нив да им биде овозможен адекватен развој, особено во делот при преминот од младинска во сениорска конкуренција.
Според многу стручњаци, појавата на еден куп приватни школи, каде што најчесто се работи неплански, нестручно, без вистинска селекција, е главната причина за огромниот пад на младинската кошарка во Македонија. Досега немаше никакви критериуми за тоа кој може да отвори школа за кошарка, поради што речиси во секое основно и средно училиште, како печурки изникнаа огромен број приватни кошаркарски тимови наменети исклучиво за пионери, кадети и младинци. Со децата често работат приучени тренери, без однапред утврдена план и програма, а за тоа малите вљубеници во кошаркарскиот спорт плаќаат помеѓу 1.000 и 2.000 денари.
Во иднина лиценци ќе мораат да извадат сите клубови, а нејзиниот износ ќе зависи токму од бројот на младински екипи што се натпреваруваат во системот на МКФ. Лиценцата А, која треба да ја имаат сите оние тимови што сакаат да се натпреваруваат на сениорско ниво, може да биде бесплатна ако клубот има пријавено најмалку шест екипи во младински категории. Во зависност од тоа дали клубот има од една до пет младински екипи цената на лиценцата ќе се движи помеѓу 6.000 и 10.000 денари. Лиценцата А најскапо ќе чини за клубовите што воопшто немаат младински погон. Тие ќе треба да платат 5.000 евра на годишно ниво.
Покрај сето ова, клубовите ќе мора да ги исполнат и условите како што е тренирање во сала, што ги исполнува условите на ФИБА-Европа, да имаат тројца лиценцирани тренери, комесар за безбедност, како и обезбеден интернет-пристап.
Во ООУ „Братство Единство“ Охрид, се одигра првото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид, На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА...
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) во наредните четири години ќе ја води Александар Стефанов РФМ ги избра и членовите на новиот Управниот одбор каде ГРК Охрид ќе го претставува градоначални...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.