Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одговори позитивни на барањето од Кошаркарскиот клуб Гостивар и ја одложи завршницата во Купот на Македонија. Најдобрите екипи во Купот требаше силите да ги одмерат овој викенд во Гевгелија.
КК Гостивар одложување побара поради трагичната автобуска несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово. Епилогот од излетувањето и превртувањето на автобусот беше фатален за 15 лица кои го загубија животот, а останатите имаат тешки или лесни телесни повреди.
- Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар. Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд. Датумот на одигрување ќе биде дополнително одреден. Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите. Искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите. – стои во соопштението од МКФ.
Сочуство до фамилиите кои изгубија член упатија речиси сите спортски клубови во нашата земја. Владата прогласи дводневна жалост.
OhridNews